Новиот тренер на Челзи, Маурисио Покетино, не сака клубот да го продаде играчот од средниот ред Каи Хаверц.

Според новинарот Екрем Конур, Покетино блокирал какви било преговори за евентуална понуда од Реал Мадрид за 23-годишниот германски фудбалер. Лондонскиот клуб планира да преговара за продолжување на договорот со Хаверц до 2028 година. Актуелниот договор му е со важност до летото 2025 година.

Хаверц минатата сезона забележа 47 настапи за Челзи во сите натпреварувања, постигнувајќи девет голови и една асистенција.

Порталот Трансфермаркт го проценува на 60 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.