По двата слободни дена на Светското фудбалско во Катар, денес продолжуваат возбудувањата со првите два натпревара од четвртфиналната фаза.

Мундијалската четвртфиналната програма ќе ја отворат Хрватска и Бразил со дуелот во Ал Рајан закажан за 16 часот. Бразилците на овој меч влегуваат како големи фаворити, но и Хрватска има свои адути.

Во групната фаза Бразил ги победи Србија и Швајцарија, а загуби од Камерун. Во осминафиналето „кариоките беа убедливи против Јужна Кореја (4:1).

Хрватска до четвртфиналето стигна со само една победа (против Канада 4:1), додека со Мароко и Белгија во групната фаза, како и со Јапонија во осминафиналето одигра нерешено. Јапонците ги елиминира по подобро изведување пенали.

Во вториот четврфинален дуел, вечер од 20 часот во Лусаил се среќаваат Аргентина и Холандија.

Холанѓаните во групната фаза ги победија Сенегал и Катар, а ремизираа со Еквадор. Во осимнафиналето беа поуспешни од САД.

Аргентина по стратниот пораз од Саудиска Арабија, врза три победи – Мексико, Полска и Австралија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.