По деветмесечна пауза предизвикана од воениот конфликт со Русија, денеска фудбалската топка повторно почна да се тркала во Украина.

Украинците донесоа одлука да играат само на стадиони кои имаат атомски засолништа, а тоа е на неколку терени во Киев и западниот дел на Украина. Сите натпревари ќе се играат во текот на денот.

Вкупно 16 екипи се борат за шампионската титула, а сосема е разбирливо што ќе нема публика на трибините.

Веќе на првиот натпревар се виде големо изненадување. Најголемиот фаворит Шахтјор одигра само 0:0 против Металист.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.