Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентативец на Колумбија, Фреди Ринкон, почина на 55-годишна возраст.

Ринкон беше дел од сообраќајна несреќа на 11 април во Кали (Колумбија), кога неговиот автомобил се судри со автобус. Поранешниот фудбалер со сериозни повреди на главата беше пренесен во болница и опериран, но денеска, Ринкон почина во болница.

Ринкон играше за Реал Мадрид од 1995 до 1996 година, а во Европа настапуваше и за Наполи. Фудбалерот двапати стана шампион на Колумбија како дел од клубот Америка (Кали), а три пати го освои и бразилското првенство (еднаш со Палмеирас и двапати со Коринтијанс). Покрај тоа, како дел од Коринтијанс, Ринкон го освои Светското клупско првенство во 2000 година и двапати стана бронзен медалист на Купот на Америка како дел од колумбиската репрезентација.

Ринкон стана херој на својата земја кога на светското првенство во Италија во 1990 година, против Германија постигна гол за 1:1 во судиското надополнување, со што на својата репрезентација и овозможи да се пласира во осминафиналето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.