Генералниот директор на Фиорентина, Џузепе Бароне, почина на 57-годишна возраст како последица на срцев застој, соопшти италијанскиот фудбалски прволигаш.
Фиорентина вчера објави дека Бароне е во болница на апарати за одржување во живот, откако колабираше во неделата додека екипата го напушташе хотелот за натпреварот во рамки на Серија А против Аталанта, кој беше одложен.
Со длабока и неизмерна тага Фиорентина ја потврдува загубата на еден од своите челници, личност која ја одбележи новата историјата на клубот и која никогаш нема да биде заборавена“, се наведува во клупското соопштение.
Бароне, кој почина ден пред неговиот 58. роденден, беше генерален директор на Фиорентина од 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.