Сагата околу новиот клуб на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, заврши со потпис на српскиот репрезентативец на петгодишен договор со Јувентус, за што клубот од Торино ќе издвои 75 милиони евра.

Најдобриот млад играч во Серија А во минатата сезона, јасно стави на знаење изминатиот период дека не сака да остане во Фиорентина и оти Јувентус е негова прва желба каде што сака да ја продолжи кариерата.

Српскиот фудбалер, за чиј услуги претходно најзагреан беше премиерлигашот Арсенал, во „старата дама“ ќе заработува седум милиони евра по сезона, плус два милиони евра во бонуси.

Влаховиќ сезонава досега постигна 17 голови на 21 натпревари за Фиорентина во Серија А.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.