Фудбалерите на Холандија ја совладаа Полска со 2:1 (1:1) во воведниот натпревар од групата Д на Европското фудбалско првенство во Германија.

Холандија до победата дојде со пресврт откако Букса ја донесе Полска во водство во 16 минута.

Резултатот го израмни Гакпо во 29 минута, а победата на Холандија ѝ ја донесе резервистот Вегхорст во 83 минута.

Воведното коло во групата Д ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Франција и Австрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.