Македонската репрезентација победи на вториот меч од Лигата на нации. Ја совладавме Ерменија со 2-0 која е наш стален “муштерија”. Лошата атмосфера околу националниот тим по ремито на Фарските острови за момент е поправена на радост на околу 6000 премрзнати гледачи на “Градски”. Имаа и што да видат, мајсторијата на Барди од слободен удар и голот на Миовски.

Нашата репрезентација напаѓаше во текот на целиот меч, но некако без завршница.

Најзрели шанси ги имаа Миовски, Елмас и Бабунски. Очигледно е дека недостасува кондиција кај оние играчи кои не се стандардни во своите клубови и настапот за репрезентацијата им е единствена можност за игра. Сега следува октомврискиот циклус на Лигата на нации. Со оваа победа се враќаме во игра за првото место во групата. Ова натпреварување е единствената шанса за прв пат да играме на Светско првенство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.