По суспензијата на Русија, Полска автоматски ќе се квалификува за плејоф финалето од квалификациите за Светското првенство во 2022 година.

Според „Przegląd Sportowy“, повикувајќи се на извор од полскиот фудбалски сојуз, ФИФА нема да бара замена за рускиот тим. Така Полска автоматски стигна до финалето во барашот каде ќе игра со Чешка или Шведска. За ова се уште нема официјална одлука на ФИФА, но се очекува до петок да биде објавена.

ФИФА разгледа неколку опции, но сите тие создадоа многу проблеми. Имаше опција со три меча пресметка меѓу Полска, Шведска и Чешка, но имаше тешкотии со логистиката и распоредот. Словачка или Унгарија би можеле да ја заменат Русија во плејофот. Сепак, секоја од овие екипи веќе има закажани натпревари, а нивното откажување ќе резултира со загуби.

Светското фудбалско првенство 2022 ќе се игра во Катар од 21 ноември до 18 декември



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.