Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио е блиску до преселба во Манчестер јунајтед.
Како што пренесува „GIFN“ повикувајќи се на новинарот Саша Таволиери, раководството на тимот од „Олд Трафорд“ се договорил со 27-годишниот француски репрезентативец, а ја договорил и провизијата што треба да ја добие неговата мајка, која е агентка на Рабио, .
Претходно беше објавено дека Манчестер јунајтед се договорил со Јуве за трансфер на играчот од средниот ред за 15+5 милиони фунти.
Со ангажирањето на Рабио, се очекува дека „црвените ѓаволи“ ќе се откажат од ангажман на играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.