Легендарниот српски фудбалер и тренер, Синиша Михајловиќ, кој во петокот почина по долгата битка со леукемијата, беше погребан во Рим.

Голем број луѓе дојдоа да се простат од големиот Михајловиќ, богослужбата во базиликата ја држеше владиката Андреј, а на опелото покрај семејството се собраа бројни навивачи на клубовите каде остави белег, пријатели и поранешни соиграчи.

Миха беше погребан на гробиштата Верано во присуство на семејството, а на местото каде што ќе почива има букети со рози, плишан лав и порака од семејствто на споменикот: „Те сакаме“  напишано на српски .

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.