Повеќе италијански, како и англиски медиуми, објавуваат дека е постигнат договор за соработка меѓу Сампдорија и Андреа Пирло.

Според истите извори, поранешниот италијански репрезентативец и ѕвезда на Интер, Јувентус и Милан, со клубот од Џенова ќе потпише договор на две години.

Пирло во текот на оваа недела треба официјално да биде промовиран во нов тренер на Сампдорија која по долги години прв пат го загуби прволигашкиот статус и од следната сезона ќе игра во Серија Б.

Пирло на клупата на Сампдорија ќе седне на местото на српскиот стратег, Дејан Станковиќ, кој во октомври лани беше назначен за тренер, но не успеа да обедзбеди останок и под негово водство клубот од Џенова заврши на последното место во Серија А.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.