Пред една година, главна тема на социјалните мрежи беше раскинувањето на Шакира и Жерар Пике, кои ставија крај на врската по 12 години.
Пејачката со помош на нејзината музика тргна во одмазднички чин откако се дозна дека поранешниот фудбалер на Барселона ја изневерил.
Додека фановите на Шакира секојдневно го осудуваа прељубничкиот потег на пензионираниот фудбалер, Пике не сакаше да дава посебни коментари. Тој дури неодамна дал краток осврт на целата ситуација во емисијата „El món“.
„Да придавав важност на сè што се зборува за мене, моментално би бил заклучен од станот или би скокнал од 6-от кат. Единствениот начин да го преживеете ова е да игнорирате сè“, изјавил Пике кој не дозволил негативните коментари да влијаат на него.
Пензионираниот фудбалер додал дека јавноста не е упатена ни во 10 отсто од она што навистина се случило помеѓу нив двајца. Освен односот со пејачката, Пике го коментирал и своето пензионирање и изјавил дека претходната година за него била исклучително турбулентна.
Шакира по раскинувањето објави 4 песни во кои преку стиховите му се обраќа на поранешниот партнер и неговата нова девојка. Песната во која ги пее стиховите „вредам како 2 од 22, замени ‘Ferrari’ за ‘Twingo’“ има над 640 милиони прегледи на Јутјуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.