Главен виновник за ужасниот терен на Арената „Тодор Проески“ во Скопје е паразит што јадел трева, објавува порталот „360 степени“.

Најдобрите македонски фудбалери пред две недели во одличен меч одиграа нерешно, 1-1 со Италија, на домашен терен, во меч од квалификациите за ЕП 2024, но во европската јавност наместо за успехот на жолто-црвените повеќе се пишуваше за условите на Aрената „Тодор Проески“.

Од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП), под чии ингеренции е арената во Скопје, за „360 степени“ велат дека главен виновник за сето ова е – паразит што јадел трева.

Проблем од овој тип не беа регистрирани во претходниот период, односно пред натпреварот со Украина. Теренот на стадионот беше позитивно оценет од страна на УЕФА. По извесен период, кон крајот на јуни, констатирано е дека тревата е заболена од болеста ‘Питиум’ (растителен паразит)“. Од страна на нашите стручни служби веднаш беше пристапено кон третирање на болеста и ново просејување со семиња и прихрана. Квалитетот на теренот беше доведен до задоволително ниво, поради што УЕФА даде зелено светло за одржување на натпреварот со Италија“, изјавија меѓу другото од АДИССДП.

Целата сторија може да ја прочитате ТУКА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.