Горан Пандев за „Спорт 1“ ги прокоментира денешните случувања на редовното Собрание на кое не стана делегат заедно со уште двајца избрани на општинското собрание на ОФС Струмица неодамна.

„Ништо не ме изненадува, познавајќи ги добро луѓето во ФФМ. Знаев дека ќе измислат нешто за да не признаат делегати од Струмица и уште еднаш потврдија колку се служат со ‘лоповски’ работи. Оваа гарнитура на ФФМ со Мети (Муамед Сејдини – н.з.) на чело се најголемото зло што го има македонскиот фудбал и ако седиме сите уште со скрстени раце, ќе го уништат фудбалот“, вели Пандев.

Извор: Спорт 1



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.