Горан Пандев е еден од асовите кој ја поврзува Македонија со Италија, па поради тоа нашата легенда е во фокусот на вниманието на јавноста на Апенинте пред бараж-мечот за Светското првенство кој се игра на „Ренцо Барбера“ во Палермо вечерва од 20,45 часот.
Пандев со години настапува во Италија и многу добро го знае тамошниот фудбал, сите состојби, квалитетот, играите со кои располагаат и ќе беше добро да го имаме за овој меч, ама тоа е што и Гоче надвор од теренот ќе ја даде поддршката за избраниците на Благоја Милевски.
Ова е натпревар кој не го посакував, особено не во полуфиналето. Македонија ми е сè, но Италија исто ми даде се, тоа е земјата во која се родени моите деца. Играњето со европскиот првак на гости секако не е идеално за нас: Италија, исто како Португалија со Турција, ама во исто време е точно дека притисокот е само врз нив, рече Пандев за „Кориере Дела Сера“.
Во интервјуто тој додава:
Повнимателни сме и мотивирани, вистина е. Таков е балканскиот менталитет, можеш против Германија да победиш затоа што секој сака да се соочи со нив, да се покаже. Потоа пак да се загуби од Андора. Жалам што Елиф Елмас нема да игра против Италијанеците. Неговото отсуство е предност за Италија бидејќи тој е клучен играч во нашиот тим, дефинитивно најдобриот и може да им направи сериозни проблеми на „аѕурите“. Италија има многу квалитет и може да го изостави еден Балотели. Направивме многу луѓе среќни, а тоа е важно бидејќи има многу проблеми во нашата земја. Утре моите соиграчи ќе дадат се од себе, порача членот на Парма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.