Македонската легенда Дарко Панчев во интервју за „Индекс.хр“ направи споредба со стадионите на Динамо, Црвена Звезда и на Хадук со Градскиот стадион на кој играше Вардар.

Тие стадиони, исто како и клубовите, беа и другите брендови на Белград, Загреб и Сплит. Кај нас се е поинаку. Градскиот стадион во Скопје беше стадионот на Вардар повеќе од половина век. Пред неколку години беше направен пробив. Стадионот е модернизиран и постигнат е напредок во сите критериуми. Сепак, Вардар веќе нема никаква врска со тој стадион. Веќе не ни игра на него. Како е можно? Неверојатно, но вистинито – вели Панчев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.