Пријателскиот натпревар меѓу мадридски Атлетико и Јувентус од Торино што требаше утре да се игра во Израел е откажан од безбедносни причини.

– Имајќи ја предвид безбедносната состојба, натпреварот со Јувентус што требаше да се игра в недела на стадионот „Блумфилд“ во Тел Авив е откажан од безбедносни причини, соопшти попладнево шпанскиот прволигаш.

Израелски авиони бомбардираа денеска цели во Појасот Газа, а палестинските милитантни возвратија со ракетни напади врз израелски градови.

Борбите траат втор ден по повеќе од една година релативно затишје долж границата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.