Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, изјави дека германскиот фудбалски шампион ја разгледувал можноста да испрати понуда за Кристијано Роналдо, но одлучил да не го стори тоа бидејќи фудбалерот не се вклопува во филозофијата на тимот.
Иднината на напаѓачот од Манчестер Јунајтед е неизвесна откако тој изрази желба да замине од клубот со цел да игра во Лигата на шампионите.
„Минатата сезона „црвените ѓаволи“ завршија на шестото место во Премиер лигата и не успеаја да се пласираат во ЛШ, што претставува главната причина за потенцијалното заминување на Роналдо.
Дискутиравме за ова бидејќи во спротивно не би ја извршиле нашата работа правилно. Јас лично сметам дека Кристијано Роналдо е еден од најголемите фудбалери на планетава, но мораме да заклучиме дека и покрај почитта кон Роналдо, тој не би се вклопил во филозофијата во моментов – вели Кан.
Баерн, кој ја освои 10. последователна титула во Бундеслигата, веќе направи трансфери на неколку други фудбалери меѓу кои францускиот тинејџер, напаѓачот Матис Тел, холандскиот дефанзивец Матаис де Лихт, напаѓачот Садио Мане, како и дуото од Ајакс Рајан Гравенберг и Нусир Мазрауи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.