Италијанскиот фудбалски прволигаш Салернитана по секоја цена настојува да го ангажира искусниот аргентински напаѓач Едисон Кавани, нудејќи му, притоа, и бонус во износ од 200.000 евра за секој постигнат гол, пренесуваат денеска локалните медиуми.

Во обид да го ангажира, Салернитана му нуди на Кавани договор од два милиони евра по сезона, како и капитенската лента, вклучувајќи и клаузула според која уругвајскиот фудбалер кога и да посака ќе може да замине од клубот без обесштетување.

Кавани имаше одлични сезони во италијанската Серија А како фудбалер на Палермо и Наполи пред да премине во ПСЖ.

Искусниот напа ѓач минатата сезона ја мина во Манчестер јунајтед, а сега е слободен играч



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.