Врската помеѓу Шакира и Жерар Пике беше прекината пред неколку недели. Тие двајца беа заедно 12 години и имаат две деца: Милан и Саша.

Токму децата овие деновиве се „јаболкото на раздорот“ меѓу Шакира и Пике. Пејачката сака да ги однесе на одмор во Мајами, на два месеци, додека фудбалерот на Барселона веќе и соопштил на поранешната партнерка дека дефинитивно е против тоа.

За Шакира да ја напушти Шпанија со децата, Пике треба да потпише полномошно, што шпанскиот дефанзивец не е подготвен да го направи. Шпанските медиуми ја дознаваат и причината поради која фудбалерот одбива да даде согласност Милан и Саша да го поминат одморот преку океанот.

Како што наведува шпанска „Марка“, Пике би рекол дека не се согласува со тоа што малите остануваат толку долго подалеку од нивната баба и дедо, родителите на играчот. Бидејќи се со внуците од првиот ден од животот, Жерар Пике тврди дека таквата разделба би ги погодила Милан и Саша.

Односот меѓу нив е исклучително напнат, многу далечен, а преговорите ќе бидат многу тешки – велат шпанските новинари.

Да потсетиме, папараците пред неколку дена ја уловија Шакира која изгледа целосно уништено додека се вози дома.

На сликите се гледа многу тажна и внимателна поп пејачка, а ова се и нејзините први слики во јавноста по раскинувањето со Пике.

Да потсетиме дека претходно се појавија неколку пораки напишани со спреј пред нејзината куќа. Непознат маж и напишал дека ја сака и доаѓа по неа и дека е подготвен да се ожени со неа.

Сето тоа го пријавила во полиција, се грижи за нејзината безбедност, а во меѓувреме планира да отпатува во Мајами и таму да го продолжи животот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.