Вистинската драма се одвивала рано утринава во Шпанија,  куќата на Бруна Бјанкарди, поранешната девојка на бразилскиот репрезентативец Нејмар, кога крадци  се обиделе да го киднапираат нивното новороденче Мави.

Осомничените биле вооружени и ги барале Бруна и нивната ќерка, но за среќа двете не биле во станот во моментот на грабежот.

Соседите ги повикале властите откако забележале дека нешто чудно се случува во куќата, а како што пренесува весникот Р7, во станот биле родителите на неговата поранешна девојка кои биле врзани, но тие поминале без посериозни повреди.

По повикот, полицијата го опколила нејзиниот имот и успеала да уапси еден осомничен додека другите избегале со луксузни чанти, часовници и накит.

Според полицискиот извештај „во резиденцијата на Бруна влегле вооружени разбојници и ги врзале нејзините родители кои се на 50 и 52 години, по што и украле вредни работи од домот. Уапсен е 20-годишен маж, додека вториот сторител е идентификуван, а на третиот се работи забрзано на идентификација како и негово приведување“.

Веднаш откако дознал за обидот за киднапирање се огласи Нејмар, кој порача дека во овој лош ден, мило му е што сѐ во ред со родителите на Бруна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.