Генерацијата 2009 стигна до третата последователна победа сезонава во Регионалната Скопска Лига за помлади петлиња. Нашите млади надежи на Цементарница со резултат 6:0 беа подобри од екипата на Партизан Фудбал Кидс.
Тренерот Арсовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Божидар Георгиевски, Матеј Манев, Матеј Фидановски, Теодор Љубомировски, Андреј Илиевски, Петар Крчаноски, Матеј Ивановски (К), Јован Гиевски, Филип Дукоски, Марко Стојаноски и Јорго Цаца.
Уште во првото полувреме од натпреварот имавме солидна предност, кога на пауза заминавме со резултат 4:0. Првата голема шанса на натпреварот ја имаше Јован Гиевски, кој после одлично додавање од Дукоски, ја погоди стативата од голот на Партизан Кидс. Сепак во следната акција, успеваме да го отвориме резултатот и да поведеме со голот на Филип Дукоски за 1:0. Не помина долго време, а нашиот состав успеа да го зголеми резултатот на 2:0 преку Јован Гиевски, кој погоди на асистенција од Стојаноски.
Избраниците на Марко Арсовски имаа целосна доминација и контрола на играта. Крчаноски и Цаца беа во обиди да го загрозат голот на противникот, но немаше реализација. Обид имаше и Матеј Ивановски, чиј удар го одбрани гостинскиот голман, додека после центар шут на Гиевски од десната страна, Јорго Цаца беше играчот кој успеа да погоди и да донесе водство од 3:0. Се играше последната минута од првото полувреме, кога после додавање на Стојаноски, успеавме да постигнеме нов гол, преку Филип Дукоски кој погоди за 4:0, резултат кој беше актуелен на полувреме.
Во второто полувреме тренерот Арсовски им даде шанса на неколку играчи кои натпреварот го започнаа од клупата за резерви. Првата голема шанса во вториот дел ја имаше Марко Стојановски, кој имаше добра позиција, но сепак биеше крај голот. Предноста на 5:0 ја зголеми Јован Гиевски, кој најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник, биеше за предност од 5:0. Добра шанса имаше и Марио Николовски, но немаше реализација. Конечниот резултат од 6:0 го постави Петар Крчаноски кој погоди од белата точка, откако претходно во противничкиот шеснаесетник фаулиран беше Ивановски.
Ова е трета последователна победа за генерација 2009 сезонава во Регионалната Скопска Лига. Играа уште и Марио Антоновски, Стефан Адамчевски, Иван Смилевски, Горазд Ѓуроски, Лука Ветеров, Мартин Митановски и Марио Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.