Фудбалерите на тетовска Шкендија забележаа попладнево гостински триумф над Работнички во Скопје (4-2), постигнувајќи два гола во финишот на натпреварот со два играчи помалку во рамки на 11. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Гостинска победа оствари и Силекс над Брегалница во Штип (3-2), додека Академија Пандев ремизираше 1-1 на гостувањето во Прилеп против Победа.

Предноста на домашен терен единствено ја искористи Македонија ЃП во градската пресметка против Скопје 2-0.

Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре со дерби натпреварот меѓу актуелниот шампион Шкупи и лидерот Струга, по што следува десетдневна пауза поради пријателскиот натпревар на македонската репрезентација против Саудиска Арабија на гостински терен на 22 октомври.

Табела: Струга 25, Шкендија 19, Силекс 18, Тиквеш 16, Шкупи 15, Македонија ЃП 12, Брегалница 12, Работнички 11, Академија Пандев 8, Победа 8, Скопје 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.