Фудбалската федерација на Турција соопшти дека младиот голман на аматерскиот клуб Дерик Спор, Мухамед Сејид Орхан загина во земјотресот што ја погоди нивната земја.

Со длабока тага дознаваме дека Мухамед Сејид Орхан, голманот на Дерик Спор, еден од клубовите во локалната аматерска лига, го загуби животот во земјотресот што ја погоди нашата земја – се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Турција.

Федерацијата упати сочувство до семејството на загинатиот фудбалер.

Алах да го помилува Сејид Орхан. Наше сочувство до семејството, роднините и клубот Дерик Спор.

Повеќе од 28.000 луѓе загинаа во земјотресот што во понеделникот ги погоди југоисточна Турција и северниот дел на Сирија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.