Македонија и Бугарија ремизираа во четвртокот вечер 1:1 во Разград, а од тој резултат позадоволни се Бугарите кои беа поблизу до пораз.
Сепак, така не размислува претседателот на Славија Софија, Венцислав Стефанов.
Македонија на моменти беше поофанзивна, поорганизирана, но ако ни беа досудени двата фаули при голот на противникот, резултатот ќе беше во корист на Бугарија. Судијата дефинитивно им помогна, пеналот за мене беше чист како солза! Шутот одеше кон голот и такви измислени работи за мене како прилепена рака, глупости тоа се глупости и сè понатака беше измислено само за да не победиме. Генерално, мојата оценка за нашата игра е позитивна.
Моето потекло е од Битола, но не сум Македонец, јас сум Бугарин! Нека знаат тие кои се прават големи патриоти, Македонија е Југозападна Бугарија. Пред неколку години бев да се видам со моето семејство во Битола, ме запреа и проверија дали сум шпион. Можете ли да замислите за какво лудило зборуваме – изјави Венцислав за „Спортал.бг“.
Стефанов го привлече вниманието на македонската јавност и пред натпреварот, со коментар дека „Македонија дека вчера станала држава“, на што доби луциден одговор од нашиот капитен, Стефан Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.