Актуелниот шампион Струга се искачи на лидерското место на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево ја совлада Воска на домашен терен, додека Силекс во Кратово беше поуспешен од Вардар во двата денешни заостанати натпревари од 15 прволигашко коло.

Струга дојде до триумфот над Воска (1-0) со голот на Згуро од пенал во деветата минута од судиското продолжение, додека Силекс со пресврт го совлада Вардар со 3-2.

Со трите бодови Струга изби на чело на табелата со 36 бодови, еден повеќе од второпласираниот Шкупи,

Табела: Струга 36, Шкупи 35, Шкендија 32, Силекс 27, Работнички 23, Тиквеш 22, Гостивар 21, Брера 20, Македонија ЃП 18, Брегалница 17, Воска 17, Вардар 14



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.