Новак Ѓоковиќ реши да го искористи времето по освојувањето на мастерсот во Синсинати, а пред почетокот на Ју-ес опен за да се опушти.

На социјалните мрежи се појави фотографија на која Ѓоковиќ е заедно со Лионел Меси.

Фотографијата ја објави Хорхе Мас, косопственик на Интер Мајами, тимот за кој моментално настапува Аргентинецот.

„Каква вечер“, напиша Мас во описот на фотографијата.

Ѓоковиќ се наоѓа во Њујорк каде се подготвува за стартот на последниот Грен слем сезонава.

Новак ќе излезе на теренот во понеделник, а прв противник ќе му биде францускиот тенисер Александре Милер.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.