Кристијано Роналдо нема да се пресели во Њукасл. Клубот од „Сент Џејмс Парк“ не е заинтересиран за трансфер на екс-напаѓачот на Манчестер јунајтед и веќе ја отфрлија оваа можност, пренесува „ESPN“.

Според новинарот на „CBS Sports“, Бен Џејкобс, португалскиот агент Жорге Мендеш му се обратил на Њукасл за трансфер, но клубот не може да го ангажира 37-годишниот, Роналдо дури и да сака, поради моменталната висина на платата.

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, сака да го задржи релативниот финансиски паритет во однос на платите на играчите.

Дури и кога Роналдо би направил намалување на платата за 30%, тоа сепак би било значително повеќе од најплатените фудбалери на Њукасл.

На адреса на Роналдо веќе пристигнаа неколку богати понуди од Азија, Австралија и Америка, но Португалецот уште некое време ќе почека понуда од европски клуб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.