Францускиот фудбалски прволигаш Ница ги советуваше своите навивачи да не патуваат идната недела во Молдавија за да му дадат поддршка на својот тим на првиот натпревар од осминафиналето во Конференциската лига против Шериф.

„Ница мора да заземе одговорен став“, соопшти францускиот клуб, опишувајќи ја безбедносната ситуација за своите навивачи во Молдавија како „во најмала рака неповолна“.

Молдавскиот тим во шеснаесетфиналето му беше домаќин на Партизан зад затворени врати, но УЕФА вчера соопшти дека натпреварот меѓу Шериф и Ница може да се игра во присуство на навивачи.

Шериф доаѓа од градот Тираспол во близина на границата со Украина, но од безбедносни причини сите натпревари во европските купови оваа сезона ги игра во главниот град Кишињев. е



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.