Поранешната куќна помошничка ја обвини бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар на Судот за работни спорови во Париз за незаконско работење, непристојни работни услови, неплаќање прекувремена работа и отсуство на платено отсуство.
Според „Le Parisien“, 29 годишната Бразилка бара отштета од 368.000 евра.
Запишувајќи го своето работно време во тетратка, Бразилката без дозвола за престој работела 60 часа неделно, односно 20 часа повеќе од вообичаеното работно време на една куќна помошничка.
Нејмар е тужен и за недостојни услови за работа, неплаќање прекувремена работа и отсуство на платено отсуство. Покрај тоа, таа ја обвинува ѕвездата дека ја терал да дојде на работа 15 дена пред предвременото раѓање на нејзиното четврто дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.