– Поранешниот тренер на Наполи, Лучијано Спалети реагираше на отказот на Руди Гарсија. Французинот ги водеше наполитанците од летото 2023 година.

– Мислам дека нема смисла да се оценува работата на Руди во споредба со мојата. Секој тренер има своја приказна, мора да го судиме според неговите дела. Тој се покажа како добар стручњак, но не му беше дадено време, го цитира „ITASportPress“ Спалети.

Пред два дена, Наполи објави оставка на Руди Гарсија и назначување на Мацари за нов тренер на тимот.

Наполи кој е актуелен шампион, во моментов е четврти на табелата во Италијанското фудбалско првенство со 21 бод од 12 натпревари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.