На натпреварот меѓу Динамо и Дортмунд пристигнаа голем број германски навивачи.По натпреварот тие се обратија до раководството на својот клуб и дадоа забелешки за домаќините.
При влезот на јужната трибина навивачите се пожалија дека редарите наводно ги пипкале во интимните делови на влезот. Затоа поднеле жалба до европската куќа на фудбалот, односно УЕФА, пишуваат хрватските медиуми.
Во оваа прилика клубот од Дортмунд соопшти:
– Добивме бројни поплаки за однесувањето на полицијата и обезбедувањето, кои го утврдуваа идентитетот на лицата. Го осудуваме овој метод на контрола и сме во контакт со УЕФА и Динамо Загреб за детална истрага за овој инцидент – соопштија од германскиот клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.