Нов генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од денеска е Наталиа Илиевска Божиновска.
Како што е соопштено попладнево, Илиевска Божиновска доаѓа од генералниот секретаријат на ФФМ, а на должноста ќе го наследи Филип Поповски, кому по истекот на вториот четиригодишен период му престана законски утврдениот максимален мандат.
Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе и одлука за користење на средствата од Форвард 3 и Форвард 2 програмата на ФИФА за инвестициските проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.