Италијански Наполи упатил усна понуда до Челси за купување на напаѓачот Ромелу Лукаку, пренесе „Скај спорт Италија“.

Станува збор за понуда од 25 милиони евра плус 5 милиони бонуси.

Директорите на клубот од Неапол очекуваат одговор од англискиот клуб во следните часови, во спротивно ќе се фокусираат на трансферот на Давид Невеш од Бенфика.

Според медиумската групација „Спорт медиасет“, Астон Вила била подготвена да ја активира откупната клаузула на Лукаку од 43 милиони евра.

Сепак, поранешниот играч на Интер и Рома сака само да се пресели во Наполи за повторно да работи под тренерот Антонио Конте.

Понудата на Наполи вклучува договор за позајмица, но со опција за купување, поврзана со квалификациите за Лигата на шампионите на тимот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.