Италијанскиот прволигаш Фиорентина го донесе во своите редови 23-годишниот бразилски напаѓач Артур Кабрал.
Бразилецот доаѓа како замена за Србинот Душан Влаховиќ кој премина во Јувентус. Српскиот репрезентативец потпиша договор со „старата дама“, откако изминатите сезони беше најдобар стрелец во редовите на Фиорентина, а и оваа сезона ја предводи листата на стрелци во Серија А со 17 голови, заедно со Чиро Имобиле од Лацио.
Замената на Влаховиќ, Кабрал, во првиот дел од сезоната е најдобар стрелец во швајцарското првенство со 14 голови. Трансферот е вреден 14.5 милиони евра.
Кабрал, кој нема настап за бразилската репрезентација, дојде во Базел во 2019 година, а претходно настапуваше за Чеара и Палмеирас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.