Екипата на Рома не успеа да ја совлада Џенова (0-0) во денешниот меч од 24. коло од Серија А, што предизвика револт кај тренерот Жозе Мурињо, пред се поради поништениот гол на Заниоло во последните моменти од регуларниот дел од средбата и тоа по реакцијата од ВАР-собата.

„Џенова се бори за опстанок и дојде да освои бод, во што и успеа со грда игра. Нема да го коментирам тоа многу, зашто и јас да бев во нивна позиција ќе го направев истото. Тешко е да се игра против тимови кои се бранат, се обидовме да ја рашириме играта по крила, но секогаш кога Мајтланд-Најлс и Карсдорп ќе се ослободеа, немаше никој пред голот. Пробавме да промениме позиции на некои играчи, но немаше завршница. Не знам што да кажам за погодокот. Ако тоа е фаул, тогаш ова повеќе не е фудбал. Може да го наречеме поинаку, да му смислиме ново име зашто очигледно е нов спорт. За Рома тоа е дежави, зашто неколку пати ни се случи во текот на сезоната. Очигледно, Рома е мала во очите на моќните“, изјави Мурињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.