Ѓердан Шаќири остави длабока трага во швајцарскиот фудбал, но ќе остане запаметен не само по игрите туку и по бројните провокации на сметка на Србите и Србија.

Шаќири е роден во 1991 година во Гњилан, Косово  но брзо со семејството се преселил во Швајцарија и станал репрезентативец на оваа земја.Шаќири откри неколку непознати детали од неговото детство.

Роналдо беше мојот идол. Оригиналниот Роналдо. Начинот на кој играше за мене е магија. Плачев за време на СП 1998 кога тој излезе и Бразил загуби од Франција, бев тажен за него. Мојот роденден беше само три месеци порано и секој ден и кажував на мајка ми дека го сакам жолтиот дрес на Роналдо: „Те молам, мораш да ми го дадеш тоа“. Кога дојде мојот роденден, мајка ми ми подари кутија, а во кутијата беше жолтиот дрес на Роналдо, еден од оние лажните што ги купуваш на пазар. Мислам дека немаше ни грб, тоа беше жолта маица на која пишуваше името на Роналдо и бројот 9. Моите родители немаа пари да ми купат вистински дрес. Сепак, тоа не ми беше премногу важно. Тоа беше еден од моите омилени денови во мојот живот. Десет дена го носев тој дрес – откри Ѓердан Шаќири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.