Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини го призна поразот од Аргентина (0:3) синоќа на „Вембли“ во Лондон.
– Во првото полувреме направивме две грешки и примивме два гола, но играта беше избалансирана. Во тој момент тие успеаја да остварат посед на топката и имаа добар проток. Беа подобри од нас. Требаше да се обидеме да постигнеме гол и да се вратиме во игра, но во вториот дел направивме премалку за да го свртиме текот на мечот. Имавме некои шанси кои моравме да ги искористиме, изјави Манчини за „RAI Sport“.
Овој дуел е наречен „Finalissima“ и во него учествуваа актуелните победници на Европското првенстÐ �о и Купот на Америка.
Аргентина до победата над Италија дојде со головите на Лаутаро Мартинез, Анхел Ди Марија и Пауло Дибала
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.