Тренерот на Рома, Жозе Мурињо го коментираше поразот (1:2) од Кремонезе во четвртфиналето од Купот на Италија.

– Честитки за Кремонезе. Победија два тешки меча против Наполи и против Рома на гости. Тоа е чудно натпреварување кое ги зголемува шансите за тимови кои не беа во Серија А минатата сезона, како Кремонезе, или кои завршија на дното на табелата. Ова го прави нивното достигнување уште поимпресивно – тие се заслужено во полуфиналето, честитки. Ја плативме цената за страшното прво полувреме, многу лоша игра. Потоа во второто направивме индивидуална грешка. Грешката во првото полувреме се вклопи во контекст на играта, со оглед на тоа што одигравме многу лошо. Една грешка во вториот дел не чинеше втор гол. Тогаш имавме позитивна реакција, но тие се бранеа со многу бројки, а ние немавме среќа. Можевме лесно да постигнеме многу повеќе голови. Но, ние го имаме тоа што го имаме. Со текот на годините, научив да не плачам по поразот и наместо тоа да се радувам на следниот натпревар, изјави Мурињо.

Кремонезе во полуфиналето ќе се соочи со Фиорентина. Првиот натпревар ќе се игра на 5 април, а реваншот на 26 април



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.