Пресметката против Феенорд на 25 мај во Тирана во премиерното издание на УЕФА Лигата на конференции ќе биде прво финале во европските купови за Рома по 31 година.

Стратегот на италијанскиот тим, пак, Португалецот Жозе Мурињо, ќе има шанса да го освои својот петти европски трофеј во кариерата, по титулите во Лигата на шампиони со Порто и Интер, Лига Европа со Манчестер јунајтед и Купот на УЕФА со Порто.

Холандски Феенорд во Тирана ќе се обиде да го освои својот четврти европски трофеј. Холанѓаните беа европски шампиони во 1970 година, а два пати го освоија и Купот на УЕФА (1974 и 2002).

Феенорд одигра синоќа 0-0 на гостувањето кај Олимпик Марсеј и ја задржа предноста од 3-2 од првиот натпревар, додека Рома, по ремито 1-1 во Лестер, го совлада англискиот тим на домашен терен со 1-0.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.