Фудбалскиот клуб Челзи на својата веб-страница ја потврди продажбата на конзорциум предводен од Тод Боли, инаку сопственик на бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс.

„Челзи може да потврди дека е постигнат договор за стекнување на нови сопственици, предводени од Тод Боли, Клирлејк Капитал, Марк Волтер и Хансјерг Вис.Од вкупната направена инвестиција, 2,5 милијарди фунти ќе бидат наменети за купување акции во Клубот, а тој приход ќе биде депониран на замрзната банкарска сметка во Велика Британија со намера 100% да се донира во добротворни цели, потврди и Роман Абрамовиќ. Одобрувањето на владата на Обединетото Кралство ќе биде потребно за пренос на приходот од замрзнатата банкарска сметка во Велика Британија, се вели во соопштението на Челзи.

Дополнително, предложените нови сопственици ќе инвестираат 1,75 милијарди фунти во понатамошни инвестиции во корист на Клубот. Се очекува продажбата да заврши до крајот на мај, со сите потребни регулаторни одобренија.

По 19 години, Абрамович го напушта клубот кој за време на неговиот мандат освои пет титули во Премиер лигата, два трофеи во Лигата на шампионите, еден Лига Европа и еден светски шампион.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.