Поранешниот голман на Арсенал и германската фудбалска репрезентација, Јенс Леман, има проблеми со законот, откако со моторна пила влегол на имотот на својот сосед и му направил голема штета.
Како што пишува „Билд“, Леман во лутина отсекол дел од покривот на својот сосед на езерото Старнберг, каде што има викендица.
Тој дел од покривот, наводно, му го блокирал погледот од вилата што ја купил за пет милиони евра. Леман решил сам да го реши проблемот и ги отсекол деловите од покривот кои му пречеле.
Пред тоа ги пресекол и каблите на надзорните камери, но тие продолжиле да го снимаат. Не знаел дека во нив има батерии за вакви случаи. Соседот го препознал на видеата и повикал полиција.
Инаку, 52-годишниот Леман се повлече од фудбалот пред 11 години, а последен клуб му беше Арсенал. Бранеше и за Борусија Дортмунд, Милан, Шалке, Штутгарт и Есен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.