Поранешниот тренер на Рома, Жозе Мурињо би можел да води еден од клубовите од Премиер лигата.

Според „TEAMtalk“ Вест Хем е заинтересиран за услугите на 61-годишниот стручњак, сметајќи го Португалецот како можна замена за Дејвид Мојс, чиј договор истекува на крајот од сезоната 2023/24.

Мурињо претходно во кариерата тренираше тимови како Челзи, Манчестер јунајтед и Тотенхем во Премиер лигата. Тој стана трикратен шампион на Англија. Беше отпуштен од Рома во јануари оваа година.

Вест Хем моментално се наоѓа на осмото место во табелата во Премиер лигата со 48 бодови од 33 натпревари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.