Фудбалерите на Трабзон, по 38 години ја освоија првата титула шампион на Турција, а навивачите ја дочекаа со ентузијазам.

Се славеше на улиците кои беа преполни со луѓе во бордо-сини дресови, но неколку дена откако нивниот тим стана шампион, се појави видео на кое се гледа дека Турците знаат да претераат во прославата.

Снимката наводно е направена пред натпреварот на кој Трабзон ја обезбеди титулата, а на неа се гледаат навивачи кои се собрале на брегот на морето каде во водата фрлиле три ковчези во боите на Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче, трите најголеми турски клубови.

Со тоа на сите им ставија до знаење што мислат за екипите од Истанбул, а видеото кое се најде на социјалните мрежи предизвика различни коментари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.