Фудбалерот од средниот ред на Челзи и Хрватска, Матео Ковачиќ, зборуваше за својот соиграч од репрезентацијата Лука Модриќ, откако ја совладаа Турција (2:0) во второто коло од квалификациите за ЕП 2024.

– Ќе бидам ли наследник на Модриќ? Лука има уште многу да игра, особено ако се погледне како играше денес. Изгледаше како млад фудбалер. Мислам дека тој дефинитивно сепак ќе игра на Еуро 2024, а можеби и на следното Светско првенство, ако даде Бог“, го цитира Ковачиќ „Madrid Xtra“.

Триесет и седумгодишниот Хрват за својата репрезентација одигра 164 натпревари и постигна 23 гола.

Шпанските медиуми неодамна објавија информација дека Модриќ започнал преговори со Реал за продолжување на соработката за уште една сезона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.