Македонскиот фудбалер, Мартин Мирчевски, за „Република“ сведочи за масовниот верижен судар на магистралниот пат Суботица – Бачка Топола во Војводина, предизвикан од стравиќна песочна бура.

Напаѓачот на ТСЦ Бачка Топола раскажува дека тие успеале да ги забележат судрените возила, и да се тргнат на страна, што не било случај со тие зад нив. Тоа само дополнително ги поттикнало да излезат на патот и да ги алармираат останатите возила на патот да застанат за да се избегне поголема катастрофа.

Сударот беше пред нас. Ние закочивме пред возлата, по што се тргнавме и застанавме в десно и во тој момент камион налета, кој не не закачи нас, но удри во автомобилите. Веднаш излеговме од автомобилот и ги застанавме другите возила на патот за да не се удрат и тие и потоа отидовме да помогнеме на повредените, раскажува Мирчевски

Таквата реакција на Мирчевски и неговите другари предизвика голем број пофалби од српската јавност, која ги нарече херои затоа што спречиле сударот да има многу потешки последици.

За среќа, меѓу луѓето што беа во сударот немаше многу сериозни или страшни повреди. Потоа дојдоа и екипи од полицијата и амбулантни возила, кои се погрижија за луѓето, вели Мирчевски.

Според првичните информации, во верижниот судар биле повредени 11 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.