Македонската фудбалска легенда, Милко Ѓуровски, кој освен по неверојатниот талент, во поранешна Југославија е познат и по контроверзниот трансфер од Црвена звезда во Партизан, во интервју за „Глас Српске“ вели дека жали што во текот на својата кариера никогаш не го носел дресот на Хајдук.
Ѓуровски, кој беше македонски репрезентативец, но и тренер на Вардар, вели дека имал шанса да оди во сплитскиот клуб, но која, за негова жал, не ја искористил.
Жал ми е што не играв за Хајдук. Спортски говорам, зашто тоа време Анте Младиниќ ме посакуваше, а по Црвена звезда, во поранешна Југославија, за мене Хајдук беше најголем клуб.
Не знаете дека одбив да одам за Милано против Интер кога тренер беше Бранко Станковиќ. Тогаш можев да одам во Сплит, ама „бате Стане“ не беше злопамтило и следниот меч ме стави да играм.
Хајдук има сјајни навивачи, ама денес тие се плеткаат со водење на клубот. Слично е и во Црвена звезда и во Партизан, за разлика од Динамо кој е друг клуб, таму сѐ е поставено. Мамиќ сѐ среди, ама го тргнаа и сега сѐ ќе се одрази на хрватската репрезентација“, вели Ѓуровски.
Ѓуровски не крие дека секогаш бил фан на Црвена звезда, но дека од „каприц“ го предизвика најголемиот фудбалски земјотрес со преминувањето во Партизан.
Звезда за мене е светост, ама Звезда до 1991 година. Мене Црвена звезда ме создаде, јас ја обожавам и мора сите да сфатат дека во бивша Југа, да играш во Црвена звезда беше врвот, не мораше никаде повеќе, каков Реал, какви бакрачи. Тогаш Италијанци, Шпанци даваа сѐ за да играат во Звезда.
И сите прашуваат зашто тоа го сторив, да одам во Партизан. Има сѐ, ама најмногу – сакав да бидам поинаков. Пари не ме интересираа, Динамо ми нудеше куќа, ама сакав да ме паметат, така тогаш размислував. Јас и додека играв за Партизан, навивав за Звезда“, додава Ѓуровски.
Во однос на тоа кој е најдобар фудбалер што некогаш потекнал од Балканот, Ѓуровски вели дека тоа не Лука Модриќ. Според него, најдобар балкански фудбалер на сите времиња е Владимир Петровиќ – Пижон.
Модриќ не може да се мери со Пижон воопшто. Пижон е три класи подобар. Кога ги гледам тие играчи, јас воопшто не знам што гледаат во него. Никој не гледа реално. Сите по команда имаат идентично мислење, како некој да им вели дека така мора! Јас сум поинаков“, вели Ѓуровски, за „Глас Српске“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.