Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за утрешниот квалификациски натпревар за ЕУРО 2024 со Англија.
-Македонија покажа не само сега во моментов, туку покажува и назад неколку години дека има квалитет и потенцијал да биде конкурентна во Европа. Да не се навраќам што овие момци имаат постигнато низ годините. Овој тим има потенцијал да одигра добар меч со Англија, а потоа да биде конкурентна и во квалификациите. Ме радува фактот што Серафимов и Велковски го завршија тренингот без проблеми. Се надевам дека ќе се стават во функција на денешниот натпревар. Натпреварот кој ни следи го играте еднаш, можеби и ниеднаш пак во своите кариери. Мора да го потврдиме она кое го покажавме во претходните дуели. Околу Англија, не треба да се трошат зборови, дали е индивидуален или тимски најдобар. Се работи за екипа со врвни фудбалери, кои пред некое време ја освоија Лигата на шампионите. Би ја сместил Англија во ТОП-3 во Европа и ќе ни биде чест да одиграме меч со таков ривал, рече Милевски на денешната прес-конференција.
Средбата ќе се одржи утревечер на „Олд Трафорд“ во Манчестер со почеток во 20:45 часот.
Англичаните се први на табелата во Ц-групата од квалификациите со максимални девет бодови, македонската селекција има три бода исто колку и Италија и Украина. Малта е последна без освоен бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.