Македонската фудбалска репрезентација вечерва го играа вториот меч од квалификациите за Европското првенство, а противник ни е селекцијата на Украина која ќе ја пречекаме на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Селекторот Благоја Милевски се реши за офанзивна формација во која како најистурени, најопасни кон голот на гостите треба да бидат Трајковски, Несторовски и Елмас.
На голот стандардно е Димитриевски, одбраната ќе ја сочинуваат Алиоски, Ристовски заедно со стоперскиот тандем Зајков и Муслиу, додека на средината ги имаме Адеми, Барди и Ашковски.
На спротивната страна во почетникот состав ги имаме најголемите ѕвезди како Јармоленко и Мудрик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.